Општински награди за најталентираните ученици во Кисела Вода

Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода ќе ги награди најталентираните ученици од општинските основните училишта кои освоиле прво, второ, трето место на натпревари од областа на науката, културата, уметноста кои се акредитирани од соодветни установи и институции, добиени во тековната учебна година на државно и на меѓународно ниво.

 

Како што соопштија од општината, наградени ќе бидат и талентираните ученици-спортисти кои освоиле прво, второ и трето место на државни првенства во поединечна и екипна конкуренција, на училишно, клупско и репрезентативно ниво во поединечна и екипна конкуренција во олимписките и неолимписките спортови, согласно класификацијата на Агенцијата за млади и спорт. Наградени ќе бидат и прво, второ и третонаградените во меѓународни поединечни и екипни натпревари. Во оваа категорија ќе се вреднуваат резултатите на кандидатите кои како државни репрезентативци имаат освоено едно од првите три места на светско, европско и балканско првенство. Како што информираат од општината рокот за пријавување започнува од денес и ќе трае пет дена.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.