All for Joomla All for Webmasters

Кисела Вода и Црвен крст со проект за помош на граѓаните од високите температури

Возило на Црвен крст ќе патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода во деновите кога температурата на воздухот ќе биде над 35 степени, а на граѓаните ќе им се делат и шишиња со пиење.

 

Активностите се дел од проектот „Топлотен бран“ што општина Кисела Вода го спроведува во соработката со Општинската организација на Црвениот крст. 

 

Совети и информации за превенција од евентуални несакани последици по здравјето поради високите температури, граѓаните може да добијат на телефонските броеви 02/3211-417 и 071/289-203, секој работен ден во периодот од 11 до 16 часот.

 

- Се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање, а истиот е содржан во Програмата за 2018 год. на Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, заедно со општинската организација на Црвен Крст на Кисела Вода, информираат од општината.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.