Се подобруваат условите во градинката „Сончоглед" клон на „Весели Цветови"во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска изврши увид во реконструкциските зафати во градинката „Весели Цветови“, објект „Сончоглед”, која се одвива во фази во текот на летово.

Градежните активности во објекот со површина од 1530 квадратни метри, опфаќаат целосна реконструкција на десет тоалети и поставување нови водоводни и одводни цевки. Заради рекострукциските зафати згрижувањето на децата беше ефикасно спроведено така што додека се работеше во едно крило, дечињата беа згрижени во друго крило, и обратно. Во моментот се работи во јаслениот дел, а бебињата се згрижени во занимална на долниот кат од објектот, на приземје.

 

Реконструкција на тоалетите започна во јуни, а треба да финишира до крај на месецот, односно на почетокот на новата учебна година. Градоначалникот Темелковски најави посета и на сите останати градинки на територија на Општината со цел, онаму каде има потреба да се интервенира во рамките на финансиските можности на локалната самоуправа.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.