Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Ден на книгата и авторското право

Националната Универзитетска библиотекла „Св. Климент Охридски“ - Скопје, денеска го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право, каде освен пораки се читаше поезија од Блаже Конески  и се одржува изложба на преведени книги од македонската книжевност на странски јазици во издание на странски издавачи.

 

Националната Универзитетска библиотекла „Св. Климент Охридски“ - Скопје, денеска го одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право каде беа прочитани пораките од генерален директор на УНЕСКО Ирина Бокова и од професорот Иван Џепароски.

 

Бокова во својата порака се осврнува на проблемите со хендикепираните лица и нивната инклузија, нагласува дека книгите имаат моќ да ја пренесуваат нашата визија за општество засновано на инклузивно знаење, плуралистичко, праведно и отворено за учество на сите граѓани. 

 

Таа во пораката забележува дека Конвенцијата на Обединетите нации за правата на хендикепираните лица и целите за одржлив развој, бележат промени на парадигмата во признавањето на правото на хендикепираните лица за достап до книгите, до знаењето и до културниот живот, со ист третман каков што го имаат и другите луѓе.

 

Во македонската порака, Џепароски овогодинешното одбележување на денот на книгата го посветува на познатиот италијански, како што вели, теоретичарот на културата и култниот автор на постмодернистичкиот книжевен бестселер „Името на розата“, славниот Умберто Еко. 

 

Според него Еко во своето предавање најмногу внимание му посветува на третиот вид на меморија, оној врзан за растителното памтење и заснован на записите врз папирусите, а потем и врз книгите направени од хартија, испишани рачно или отпечатени од Гутемберговата преса. 

 

Во Универзитетската библиотека покрај пораките се читаше поезија од Блаже Конески преведена на шпански јазик, се одржува изложба на преведени книги од македонската книжевност на странски јазици во издание на странски издавачи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.