Изложбата „Спектрум" на Маја Кировска во Португалија

„Спектрум"

Изложбата „Спектрум“ на Маја Кировска ќе биде претставена на манифестација во Брага, Португалија што се одржува од денеска до 6 септември.

 

На изложбата ќе бидат претставени инсталациите насловени „Сино“, „Филтер“ и „Не е се така розево“ кои се комплексни, составени од повеќе елементи и употребени се фотографија, аугментирана реалност, објекти и дигитален принт. Делото „Не е се така розево“ е видео анимација која е предвидено да се гледа со специјални очила.

 

Првпат, изложбата „Спектрум“ на Кировска беше претставена во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во периодот од 29 декември 2015 година до 15 јануари 2016 година.

 

Манифестација во Брага се одржува на повеќе локации во историски згради и музеи како што се Palacio do Raio, Museum og the Image, Галеријата на станицата, галеријата на Mestre Alberto Vieira...

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.