Во Велес 13. ликовна колонија „Папрадишки мајстори"

„Папрадишки мајстори"

Во Куќата на уметноста во Велес синоќа беше отворена 13. ликовна колонија „Папрадишки мајстори 2017“, организирана од Здружението на граѓани „Папрадишки мајстори“ и општина Велес.



Во работата на колонијата учествуваат 23 ликовни уметници од Македонија, Полска, Русија, Србија, БиХ, Романија, Украина, Црна Гора и Бугарија, а треба да пристигне и учесник од Саудиска Арабија.



Како што информира Ангел Коруновски, раководител на колонијата, оваа е втора година на која учесниците имаат тема за работа - пејсаж.



- Велес посебно стариот дел на градот со интересна стара велешка архиотектура има прекрасен пејсаж кој е инспирација за ликовните уметници, потенцира Коруновски.



Ликовната колонија „Папрадишки мајстори“ на која уметниците со работа на своите ликовни дела започнуваат денеска ќе трае до 27 август. Организаторот најави дека учесниците ќе ги посетат и археолошкиот локалитет Стоби и Скопје.



По традиција создадените ликовни дела и од оваа колонија ќе бидат претставени пред велешката културна јавност на изложба по повод 9 Ноември -Денот на ослободување на Велес.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.