Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски" во Крива Паланка

Фестивал „Свети Јоаким Осоговски"

Tридневниот меѓународен фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка ќе започне утре вечер со свечено дефиле на стотина играорци, репрезенти на фолклорот и традицијата од седум Евроски и Балкански држави.


Градоначалникот на Крива Паланка ги повика граѓаните да ги проследат трите фестивалски вечери кои со дефиле ќе започнуваат од разни реони на градот.


- Во следните три дена Крива Паланка ќе живее во фолклорен манир, низ градот ќе одекнуваат звуците на тардиционалните инструменти на државите од кои доаѓаат учесниците, а сограѓаните ќе можат да уживаат во истите и во нивните населби, бидејќи секоја вечер едночасовно дефиле кое ќе почнува во 18 часот ќе минува низ повеќе населби, од Осичка маала, Илинденска, главната улица св. Јоаким Осоговски , а главните концертни настапи ќе се се одржат на градскиот плоштад, изјави гардоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.


Рече дека идејата на почетокот кога е основан фестивалот, била во пресрет на големите празници Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на свети Јоаким Осоговски, кој се одбележува на 29 август, светец–закрилник на Крива Паланка, градот да има убава празнична атмосфера десетина дена, кои почнуваат со алетрнативниот фестивал Џојфест.

 

Организатори на Меѓународниот фолклорен фестивал се локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.


Фестивалската програма на трите вечери во 18 часот ќе отпочнува со свеченото дефиле низ главната улица Свети Јоаким Осоговски, настапите на фолклорните друштва се на централниот градски плоштад, во 19 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.