Презентација на програмата на Креативна Европа во рамки на Македокс

Креативна Европа

Претставници од Канцеларијата за „Креативна Европа – Култура и Медиа“ при Министерството за култура и Агенцијата за филм на Република Македонија денеска имаа јавни дискусии и презентации на осмиот Фестивал за креативен документарен филм „МакеДокс“.


Раководител на канцеларија за Креативна Европа – Медиа при Агенција за филм Владимир Стојчески и Билјана Прентоска од Канцеларијата за „Креативна Европа – Култура“ имаат заеднички настан во два дена, денеска во рамки на „МакеДокс“ и утре за време на фестивалот Струшки вечери на поезијата.


– „МакеДокс“ е поддржан од „Креативна Европа – Медиа“, а Струшките вечери на поезијата се дел од платформата „Версополис“ која е поддржана од „Креативна Европа – Култура“.


Билјана Прентоска од Канцеларијата за „Креативна Европа – Култура“ информира дека сакаат да дискутираат со корисниците и претставниците од културниот и аудиовизуелниот сектор како тие ја гледаат соработката, пред се на национално и на европско ниво.


Таа најави дека утре ќе им се придружи колешка од Канцеларијата на Креативна Европа- Култура од Бугарија Весела Кондакова. Канцеларијата за Креативна Европа-Култура во вторник организира инфоден и работилница во ЕУ Инфоцентарот со колешата од Канцеларијата за Креативна Европа на Хрватска, Нера Стофер.


Ова е прва промоција на канцеларијата и Креативна Европа во целина во рамки на фестивалите „МакеДокс“ и СВП. Презентациите се од отворен тип.


Во рамки на понатамошното претставување на креативна Европа, на 29 август во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи презентација на програмата за претстојниот повик за аплицирање со нови проекти, кој ќе биде на крајот на септември.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.