Изложба на Јован Миронски во Музеј на Град Скопје

Изложба на Јован Миронски

Во Музеј на град Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба на избрани дела од ликовното творештво на Јован Миронски.


Организаторот невдува дека несвесната потреба на Миронски да наоѓа пластични решенија за ментални претстави кои, можеби, имаат врска со некои случувања од неговиот живот, е главниот поттикнувач на неговите повеќедецениски опстојувања во светот на ликовната уметност. 


- Неговите ликовни остварувања постојано како да се врзани за она што лично се однесува на него.... Миронски, како и генерацијата ликовни уметници кои паралелно почнуваат да работат со него, веќе во образовниот процес биле насочувани кон модернистичките ликовни модели кои тие подоцна ги разработиле, некои од нив и ги радикализирале, и во низата години што следувале темелно го промениле ликовниот профил на средината. За сето ова да биде возможно морало да биде присутен еден основен елемент – нивната отвореност и подготвеност за прифаќање на модернизмот и модерноста на општеството, соопшти Музеј на Град Скопје. 


Јован Миронски (с. Тресонче, 1933) завршил виша педагошка школа во Скопје, во класата на професорот Вангел Коџоман, а дипломирал на Архитектонскиот факултет во Љубљана во 1963 година.


Како архитект реализирал голем број проекти во Скопје, а во текот на целиот живот активно се занимавал со ликовно творештво во повеќе ликовни техники. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.