All for Joomla All for Webmasters

Почнува 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи"

„Скупи"

Со претставата „Куќата на Бернарда Алба“ од Фредерико Гарсија Лорка во изведба на театарот „Андон Чајупи“ од Корча, Албанија, во Сули Ан, вечер почнува 11. Меѓународен театарски фестивал „Скупи“.


Годинашното издание на фестивалот што ќе трае до 18 октомври, е под мотото „За здрав дух“, а сите претстави, освен вечерашната, ќе бидат во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар (МКЦ). 


Освен од Албанија, на „Скупи“ гостуваат и театри од Русија, Косово, Израел, Србија, Иран и Бугарија. 


Програмата продолжува утре со „Ѕверот“ на театарот „У Моста“ од Перм, Русија, додека задутре е драмата „Маченик” во изведба на Градскот театар Ѓаковица, Косово.


Во недела, на 15 октовмри, публиката ќе може да ја види изралеската монодрама „Пуши како маж“, инспирирана од животот на Фрида Кало, следната вечер е резервирана за „Визии од сребрениот век“ на Центарот за културна деконтаминација од Белград, а на 17 октомври е  „Зборувај Медеа” на театарската компанија „Јирјирак“ од Техеран. 


Фестивалот завршува со бугарската претстава „Слугинките“ на Националниот театар „Иван Вазов“ од Софиа.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |