Промовирана книгата "Зборови што го менуваат светот" од Владимир Путин

"Зборови што го менуваат светот"

Во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, издавачката куќа "Ѓурѓа" денеска ја промовираше книгата "Зборови што го менуваат светот" - зборник од цитати на рускиот претседател Владимир Путин преведени на македонски јазик.


Книгата е компилација на 19 статии и говори од меѓународни конференции и јавни настапи на рускиот претседател, почнувајќи и завршувајќи со неговите обраќања на Генералното собрание на Обединетите нации во 2003 и 2015 година. Книгата досега е преведена на повеќе јазици, меѓу кои и на англиски и кинески.


Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак истакна дека Русија застапена од нејзиниот претседател на светот му предлага поправедни, пофер и повизионерски одлуки отколку тие што се предложени од западниот политички врв.


Амбасадорот додаде дека претседателот на неговата земја има вештина која е ретка кај денешните политичари - трезвено да ја процени сегашноста и да ја согледа иднината.


Промоторот на книгата и автор на предговорот Емилија Гелева рече дека нема подобар наслов за книга што го отсликува вистинското дело на Путин кој го смени текот на светската геополитичка историја.


По повод 30 години постоење издавачката куќа "Ѓурѓа" книгата "Зборови што го менуваат светот" ја воведе во новата едиција "Сиот свет е сцена". Во неа ќе објавуваат наслови од и за истакнати актуелни политичари од цел свет, личности кои со своето водство го менуваат современиот свет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.