All for Joomla All for Webmasters

Изложба по повод годишнина од дипломатските односи меѓу Македонија и Бразил

„Бразил низ фотографии“

Од денеска до 20 октомври во Центарот за дизајн „Јавна соба“ ќе биде отворена изложба на фотографии „Бразил низ фотографии - пред очите на македонската јавност“.


Таа е резултат на соработката помеѓу корисничките групи „Вики Образование“ од Бразил и „Споделено знаење“ од Македонија, по повод денот на воспоставување на дипломатските односи помеѓу Македонија и Бразил (14 октомври 1998). 


На изложбата ќе бидат претставени 20 слики од природата и од историски и модерни градби во Бразил, кои во 2015 и 2016 година учествувале на фотографските натпревари „Вики ја сака земјата“ и „Вики ги сака спомениците“. Истовремено, во Бразил ќе се одржува изложба на фотографии од Македонија.


Изложбата свечено ќе биде отворена вечер во 20 часот, а ќе се одржи и воведно излагање за работата на Википедија на македонски јазик и соработката помеѓу Викимедија Македонија и Викимедија Бразил.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |