Драмата „Реквием за љубовта" од Зоран Пејковски на англиски јазик

„Реквием за љубовта"

Излезе од печат англискиот превод на драмата во стих „Реквием за љубовта“ - „Requiem for Love“, издание на издавачката куќа „Дијалог“, чиј автор е драмскиот писател и поет Зоран Пејковски.


Драмскиот текст „Реквием за љубовта“ ќе биде преведен и на полски јазик и ќе се игра во театрите во Полска, потоа на романски јазик, еврејски јазик, а преводот на англиски јазик затоа што ќе се игра во еден од театрите на Бродвеј, истакна авторот Пејковски.


- Оваа битолска еврејска приказна пишувана врз вистинит настан, а чувана со децении и децении, а е пишувана по повод 75-годишнината од холокаустот извршен врз македонските Евреи во 1943 година, со која всушност се одбележува овој трагичен настан за Македонија и македонските Евреи. Јас сум среќен што ова е единствениот драмски текст досега во македонската литература преведен на четири светски јазици, кој ќе биде одигран во европските и светските театри, посочи Пејковски.


Книжевни искуства на битолчанецот Зоран Пејковски, датираат од 1987 година, кога за прв пат е одигран негов драмски текст надвор од Република Македонија, кога почнува професионално да се занимава со книжевност.


Зоран Пејковски е член на Друштвото на писатели на Македонија, член на Македонското научно друштво-Битола и претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ од Битола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.