Македонската филхармонија на 25 октомври ќе ја почне новата концертна сезона

Македонска филхармонија 2017/2018

Македонската филхарминија на 25 октомври ќе ја почне сезоната 2017/2018 со концерт симболично насловен "Нов почеток". Солист ќе биде пијанистот Дино Имери, оркестарот ќе го води Борјан Цанев, а на програмата ќе бидат дела од Чајковски, Респиги и Рихард Штраус.


В.д. директорот на Филхармонијата Виктор Илиески на прес-конференција рече дека од назначувањето на функцијата во јули се соочил со многу предизвици од кои најважен му бил да ги обезбеди техничко-правните процедури кои, се во завршна фаза и ќе бидат исполнети до 25 октомври. Објектот на Филхармонијата беше отворен со концерт на 21 мај но без технички прием. Поради доцнењето со отворањето, испуштени се некои планирани гостувања, како што беше претходно најавеното на виолинистот Роман Симовиц. На 9 ноември ќе гостува познатиот пијанист Борис Березовски, а во вториот дел на концертната сезона, од јануари 2018, рече Илиески, ќе гостуваат големи музички имиња.

 

Диригентот Борјан Цанев и виолинистката Ана Кондратенко искажаа задоволство што почнуваат да работат во концертна сала со услови какви што имаат нивните колеги низ светот.


Филхармонијата има и студио опремено со врвна техника за аудио записи, ново лого со ликот на новиот објект и редизјанирана веб-страница. Воведува нов начин на презентација на концертната програма - рекламирање на концертите со спотови, со цел да се приближат до сите граѓани.


Следниот концерт ќе биде на 2 ноември - Симфонија на тажни песни со Ана Дурловски и диригентот Емил Табаков.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.