Јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022

Министерство за култура

Министерството за култура денеска во Музејот на современа уметност од 10 часот ќе организира јавна дебата за нацрт-стратегијата за развој на културата на Република Македонија за периодот од 2018 до 2022 година.


Дебатата ќе има општ воведен дел во кој е најавено обраќање на заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, а советникот Златко Теодосиевски ќе ја претстави подобрената верзија на првичниот нацрт на стратегијата за културен развој 2018-2022.


Потоа, сите присутни во неколку панел групи по дејности ќе може да ги споделат своите идеи околу идната стратегија во културата за наредните пет години.


- Покрај дебатата, за сите апликанти на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во областа на културата за 2018 година ќе има инфо-штанд каде што заинтересираните ќе може да ги споделат своите искуства и да постават прашања за апликациите, соопшти Министерството за култура.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.