Промовирана книгата „Мојот професор пророк“

Вера Стојчевска- Антиќ

Професорката Вера Стојчевска- Антиќ, денеска во градската библиотека Браќа Миладиновци ја промовираше својата книга Мојот професор пророк, посветена на еден од најистакнатите македонисти, Блаже Конески.

 

Книгата, како што нагласува писателката претставува своевидна етнографија на комуникацијата во македонската наука и култура. Инспирација Стојчевска -Антиќ ја пронашла во непосредната комуникација која што ја имала со својот некогашен професор, Блаже Конески.


Книгата е наменета за стручната јавност, и изобилува со средновековна книжевост, која би можела да им биде од голема корист на просветните работници кои го истражуваат делото на Блаже Конески, и македонскиот јазик.


Мојот професор пророк, е финансиски поддржана од Трифун Костовски, а во издаваштво на издавачката куќа Култура.


Вера Стојчевска-Антиќ е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Нејзиното дело содржи над 850 објави во Македонија и во странство, од кои 75 се книги. Меѓу најпознатите се Пораки од дамнина, Св.Климент Охридски, Св. Наум Охридски, средновековни раскази, и други. Нејзината научна дејност е позната во многу македонски и странски славистички центри, која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност.


Книгата на Стојчевска-Антиќ ја промовираше проф. д-р Димитар Пандев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.