Македонските автори и романите побарани од страна на македонските читатели

Македонска литература

Во последните години книгите од домашни автори бележат раст во побарувачката од страна на македонските читатели. Домашната сцена станува подоминантна и со добри и квалитетни автори кои имаат што да понудат на читателите. Овој факт за МТМ го потврди и македонскиот писател Горјан Петревски како и резултатите од последниот Саем на книги во Скопје на кој македоснките автори беа побарани од странските.

 

Македонската книжевна сцена, особено последниве десетина години доживува вистинска експанзија. Млади, талентирани и квалитетни македонски автори се намножуваат, а нивните книги се најдобри сведоци дека македонската литература има што да понуди. Во последно време се забележува тренд на се посериозно и поголемо прифаќање на домашните автори. Домашната сцена станува подоминантна и со добри и квалитетни автори кои имаат што да кажат и да понудат на македонските читатели. Дека македонските автори во последно време се повеќе барани од странските покажува и фактот што на последниот саем на книги кој се одржа во месец април во Скопје најголем интерес имаше за домашните автори. Ова го потврди и македонскиот писател Горјан Петревски кој истакнува дека македонските автори имаат предност пред странските автори во домашните библиотеки и читателите сакаат добра приказна од нашето поднебје.


Од статистичките податоци во изминативе години изразен е зголемениот бројот на читатели во нашата држава, а радува податокот што се повеќе млади луѓе ги посетуваат книжарниците и сакаат да имаат книга повеќе во своите домашни библиотеки. Жанрот и авторот зависат од читател до читател, но генерално, впечатокот е дека се повеќе се читаат македонски автори. Според Горјан Петревски македонските читатели сакаат да прочитаат добра приказна претежно со среќен крај, па поради тоа романите се меѓу побараните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.