Јанешлиева-Бачварска на уметничкото биенале „Папермаде" во Италија

„Папермаде"

Ликовната уметница Славица Јанешлиева-Бачварска на покана од кураторката Валерија Бертесинана како претставник од Македонија ќе учествува на Третото меѓународно уметничко биенале „Папермаде”, кое од денеска до 25 март 2018 година, се одржува во Палатата Фогацаро, во градот Скио, Виченца, Италија.

 

На биеналето на тема „Ова е мојот дом“, со дела изработени на/со хартија (графики, уметнички книги и инсталации) се претставуваат околу осумдесетина уметници од целиот свет, меѓу кои и Јанешлиева-Бачварска која изложува графичко дело.

 

Славица Јанешлиева-Бачварска (1973) е редовен професор на Студиската програма по графика, на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Нејзината творечка и излагачка активност ја бележат 25 самостојни претставувања, над 200 групни (жирирани, курирани и по покана) изложби, национални и меѓународни награди, застапеност во колекциите на 17 музеи и галерии во Македонија, Финска, САД, Франција и др.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.