МакеДокс повторно ќе го прикаже документарецот „Човекот-делфин"

„Човекот-делфин"

Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс вечер од 20 часот во Кино Култура повторно ќе го прикаже документарецот „Човекот-делфин“ -  инспиративна приказна за легендарниот Жак Мајол, кој во 1976 година прв достигнал длабочина од 100 метри во слободно нуркање.


МакеДокс соопшти дека ќе го репризира филмот поради голем интерес на публиката и преполната сала на претходната проекција, но и како желба на подмладокот на „МакеДокс“ по средбата со познатиот актер Жан Марк-Бар. Филмот од 78  минути е италијанско-француска копродукција во режија на Лефтерис Чаритос. 


- Ретки архивски исечоци и неверојатни современи подводни снимки ни го доближуваат животот на човекот-делфин, кој успева да ги помести границите на човечкото тело и ум. Тој е главната инспирација за играниот филм „Големото синило“ на Лик Бесон, соопшти МакеДокс.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.