„Види ја ти неа" во официјалната програма на фестивалот во Клермон-Феран

„Види ја ти неа"

Кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски влезе во официјалната програма на Интернационалниот фестивал на краток филм во Клермон-Феран, Франција, кој ќе се одржува од 2-ри до 10 февруари 2018 година. Се работи за престижен фестивал кој се одржува 40 години и единствен од А категорија специјализиран за краток филм.


-  Клермон-Феран денес е најголемиот и најважен специјализран фестивал за краток игран филм, во смисла на посетеност и присуство на професионалци од сите страни на светот, но пред се од аспект на квалитет и значајност. На овој фестивал се откриени многу нови талентирани режисерски имиња, кои подоцна изградиле успешна филмска кариера. Токму затоа ова е огромен успех за „Види ја ти неа“, кој се вброи меѓу 73-те наслови во интернационалната компетиција, селектирани од вкупно 8696 пријавени кратки филмови, соопшти „Црна мачка продукција“. 


„Види ја ти неа“, кој неодамна беше селектиран и во интернационалната компетиција на Филмскиот фестивал во Санденс,  САД, ќе има осум проекции на 40.Клермон-Феран во февруари. Термините за прикажување ќе бидат официјално објавени на веб-страницата на фестивалот на почетокот на јануари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.