Сликовница „Иван и Илина" за уривање на предрасудите за Дауновиот синдром

„Иван и Илина"

Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ ја претстави детската електронска сликовница „Иван и Илина“ од авторката Мимоза Петревска Георгиева, која ги отсликува реалните ситуации кога едно типично дете ќе се сретне со дете со Даунов синдром.


Авторката на приказната Мимоза Петревска Георгиева е новинарка и мајка на 14-годишно девојче со Даунов синдром, илустрациите се на академската сликарка Маја Стефановска, а дизјанот е на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ.

 

- Целта на сликовницата „Иван и Илина“ е да ги отслика реланите ситуации  кога едно типично дете ќе се сретне со дете со Даунов синдром. Таа зборува за запрашаноста, дилемите и стравовите со кои се соочува тоа дете и неговата потреба од соодветни одговори. Точноста и прилагоденоста на одговорите што ги добива од возрасните е клучен фактор во процесот на градењето позитивен став кон поинаквите врсници, вели Георгиева.

 

Сликовницата, според издавачот, е наменета за типичните деца на возраст од седум -12 години, бидејќи истражувањата покажуваат дека токму на оваа возраст  децата ги градат негативните стереотипи за луѓето со било каква различност. Таа содржи и корисни совети напишани на приемчив јазик за децата на оваа возраст, за тоа кои се спецификите на нивните врсници со Даунов синдром, како и корисни препораки како да се однесуваат со нив.
Сликовницата е реализирана со поддршка на Град Скопје. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.