Наградата „Бели мугри" за Надица Лешникоска

Награда „Бели мугри"

Поетесата Надица Лешникоска од Скопје е годинашен лауреат на наградата „Бели мугри“ за млад автор до 35-годишна возраст, што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“.


Лешникоска е наградена за збирката поезија „Кирија за срце“. Наградата ќе и биде врачена на 22 декември во 19 часот на традиционалната манифестација „Денови“, која Домот ја организира на денот на раѓањето на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин.


Надица Лешникоска е магистер по мир и развој во областа на мировната дипломатија, а пишува поезија од рана возраст. Во 2005 година ја објавила својата прва збирка поезија „Копрена” за која ја доби наградата „Даница Ручигај” за најдобра дебитантска поетска книга.


Објавува поезија во македонската и во балканската периодика, а застапена е и во „Мостови” - избор поезија од поетите-дебитанти, кандидати за наградата „Мостови на Струга” за 2006 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.