Ретроспективна програма од филмскиот фестивал „Киненова"

„Киненова"

Со проекција на шпанскиот дебитантски филм „Лето 1993“ на Карла Симон, вчеравечер во Кинотеката на Македонија беше отворена ретроспективна програма на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.


Во рамки на програмата се прикажуваат четири дебитантски долгометражни филмови од Шпанија, Америка, Костарика и Холандија. Филмовите беа дел од меѓународната селекција за награди на „Киненова“ во 2017 година.


Вечер на програмата е „Колумбус“, следната проекција е на 18 февруари - „Звукот на нештата“, а ќе заврши со  „Квалитетно време“. 


- Фестивалот оваа програма  ја прави во соработка со Кинотеката како уште една можност за гледачите кои не успеале да ги погледнат овие филмови за време не премиерните прикажувања или кои сакаат да ги погледнат повторно, соопшти организаторот. 


Настанот е поддржан од амбасадите на Шпанија и Холандија во Македонија. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.