Премиери на документари и играни филмови на млади автори во Кинотека

Кинотека на Македонија

Три документарни и два играни краткометражни филмови на неколку млади македонски автори вечер ќе бидат прикажани во Кинотека на Македонија, во продукција на Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ – ДАСТА АКАДЕМИЈА.

 

Посетителите ќе можат да ги погледнат документарците „Башески - мојот татко“ на Ирма Башеска-Ристовска (33`), „Да се биде Максут“ на Нихал Бејадинова (21`), „Боројевиќ“ на Мите Спасовски (18`), како и кратките играни „13 мај“ на Ирма Башеска-Ристовска (12`) и „Услов“ на Даниел Шикоски (18`).

 

Дебитантските филмови се создадени од мастер-клас програмите на професорот Владимир Блажевски, со соработник на сценарио на игран филм Дејан Дуковски на Филмската школа на ДАСТА АКАДЕМИЈА.

 

Студиската програма на Филмската школа на ДАСТА АКАДЕМИЈА се реализираше во учебната 2016/2017 година во форма на мастер-клас работилници и ги вклучи учесниците во програмата како рамноправни партнери во наставниот, уметничкиот, творечкиот и истражувачкиот процес.

 

Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ дејствува како културно–едукативен простор во кој се стимулира уметничкиот израз, став и набој, посебно инсистирајќи на ангажирано учество на публиката.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.