„Тоска" на Мајските оперски вечери

„Тоска"

На 46. Мајски оперски вечери денеска е втората од трите опери на Џакомо Пучини кои се на програмата годинава. По премиерата на „Боеми“, со која на 9 мај беше отворен фестивалот, вечер ќе биде изведена операта „Тоска“ во режија на Огњан Драганов од Бугарија.

 

Во насловната улога ќе настапи Феријал Туркоглу од Турција, ликот на Каварадоси ќе го игра Иван Момиров од Бугарија, Борис Трајанов ќе настапи во улогата на Скарпија и Ернес Ибраимовски во улогата на Анџелоти. Во екипата се и Драган Ампов, Саша Смилевски, Диме Петров, Димитар Кожухаров и Десанка Глигоријевиќ. Настапуваат хорот и оскетарот на МОБ под диригентство на Симон Кречич од Словенија. Сценограф е Зоран Николовски, а костимограф Марија Пупучевска.

 

До крајот на Мајските оперски вечери ќе биде изведена уште една опера од Пучини („Турандот“ на 19 мај) во рамки на одбележувањето 160 години од раѓањето на овој италијански композитор.

 

„Тоска“ е опера во три чина. Напишана е по либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоза кое се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта била во 1900 година во Рим.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.