All for Joomla All for Webmasters

Инсталација на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ на фестивалот „SKG Bridges" во Солун

„Зад аголот“

Уметникот Ѓорѓе Јовановиќ со инсталацијата „Зад аголот“ учествува на фестивалот „SKG Bridges“ кој почна на 9 мај и завршува денеска во Солун. Се работи за интервенции со „сообраќајни знаци“ што е продолжување на уметничката пракса во јавен простор која Јовановиќ ја развива во изминатите години.

 

Инсталацијата на Јовановиќ е поставена пред Центарот за современа уметност, во комплексот музеи на солунското пристаниште.

 

Уличните знаци во својата иконографија содржат препозналиви мотиви со цел да го привлечат внимнието на минувачите. Јовановиќ со ова дело прави обид да даде толкување и го истражува значењето на перцепирањето на уличните знаци за да ги рефлектира и коментира горливите теми и проблеми на современиот, турбулентен и фрагментиран свет, како што се влијанието на лажните вести, социјалните неправди и нееднаквоста, финансиската криза итн. Знаците може да се гледаат и како предупредување за опасностите и предизвиците на нашето време и како одраз на нашиот заеднички, визуелен, социјален и урбан простор.

 

Целта на фестивалот „SKG Bridges“ е да воспостави соработка и размена меѓу културните институции, креативните групи и иницијативи од градот со уметници од различни сфери од регионот на јужна Европа.


Учеството на Јовановиќ на овој фестивал е резултат на соработката што неодамна ја почнаа музеите на современа уметност од Скопје и Солун.

 

Извор: МИА

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |