All for Joomla All for Webmasters

Промоција на книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли

„Океан од слики“

Книгата раскази „Океан од слики“ од Томислав Османли вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар-Скопје. Делото го издаде издавачката куќа „Магор“ од Скопје.


Книгата ќе ја промовираат професорите Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски, а извадоци ќе чита актерката Ане Блажовски. 


Османли создава во повеќе диспиплини. Автор е на 23 објавени книги: проза, драмски текстови, сценарија, теорија и есеистика. Неговите книжевни творби се преведени на англиски, француски, полски, српски, хрватски, бугарски, романски, грчки, арапски..., како и на Ладино, јазикот на сефардаските Евреи.


Со години се занимавал со филмска и театарска критика и публицистика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 1976 година работел како новинар и уредник секогаш на рубрики или програми од културата, а денес е слободен уметник, писател, сценарист и драмски автор со бројни меѓународни референци. За својата разновидна уметничка и новинарска работа добитник е на близу дваесет награди. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |