Премиера на „Непознато“ на Скопје танцовиот театар

„Непознато“

Скопје танцовиот театар утревечер во 21 часот, во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“, која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.


Претставата се состои од две кореографии, првата насловена „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато - фрагменти на извонредна машина“ работена по идеја на Александра Петрушевска.


- Импровизацијата се базира на одредени задачи за да се презентира моментумот, конекциите во група, будење на моторот на телото, да се поиграме со преувеличувањата и потценувањата, вели Петрушевска за кореографијата.


Во претставата настапуваат членови на Компанијата, која во континуитет, активно работи на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на светската танцова сцена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.