МНТ со „Ничија земја" на фестивал во Благоевград

„Ничија земја"

Македонскиот народен театар утре со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов ќе настапи на 6. Меѓународен театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа" во Благоевград, Бугарија.


Оваа година во фокусот на фестивалот се младите автори и експерименталната младинска програма и ќе бидат прикажани претстави со класични и современи текстови.


- „Тара-ра-бумбиа“ е единствениот од ваков вид театарски фестивали во Бугарија, чија мисија е да им помогне и да им даде можност за докажување на младита театарски уметници да ја покажат храброста и да експериментираат на независната сцена. Неговиот тим се стреми да ги покаже најдобрите режисерски имиња, соопшти МНТ. 


Следното гостување на МНТ со „Ничија земја“ е на 8 јуни во Прилеп, на отворањето на 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.


Во претставата учествуваат: Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Оливер Митковски, Камка Тоциновски, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Марија Кондовска, Томе Станковски и Никола Стефанов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.