Од 18 до 24 јуни ќе се одржи фестивалот ,,Гола Месечина,, во Аеродром

,,Гола Месечина,,

Во период од 18 до 24 јуни во Општина Аеродром ќе се одржИ 5. Издание на меѓународниот театарски фестивал ,,Гола Месечина,,. Во конкуренција за награди се шест претстави, од кои три се претстави на македонски професионални театари, а другите три се претстави на странски театри.

 

Фестивалот ќе се одржува во Спортскиот центар Ново Лисиче. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин истакна дека ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена. Директорот на Театар Комедија, Сашо Ристовски и селекторот на Фестивалот, актерот и режисер Роберт Ристов, информираа дека покрај претставите последниот ден кога ќе бидат прогласени победниците, фестивалот ќе се затвори со детска претстава и стендап комедија. Инаку, на Фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка и за најдобра претстава во целост. Од оваа година фестивалот внесе уште една категорија на награда - награда за епизодна улога.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.