Концерт на триото „Апасионато“ во Музеј на Град Скопје

„Апасионато“

Во Музеј на Град Скопје вечер од 20 часот концерт ќе одржи триото „Апасионато“ во кое членуваат Олег Цингарски (виолончело), Ирина Павлова (виолина) и Наталија Калајџиеска (пијано). Тие ќе изведат дела од Бетовен, Бах, Пјацола, Виењавски, Рахмањинов, Бриж.


Триото „Апасионато“ во класа на проф. Весна Ангелова-Христов постои од 2016 година и е составено од талентирани ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје и досега како солисти имаат настапувано со Македонската филхармонија. 


Добитници се на награди на државни и меѓународни натпревари, учествуваат на национални и меѓународни семинари за камерна музика и на семинари кај познати професори во Австрија, Чешка, Франција, Србија, Италија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.