All for Joomla All for Webmasters

Проекција на „Прашина“ во Кинотека како последен поздрав до доајенот Салаетин Билал

Салаетин Билал

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде прикажан филмот „Прашина“ од Милчо Манчевски како последен поздрав до доајенот на театарското и филмското глумиште Салаетин Билал.


Билал беше театарски, филмски и телевизиски актер кој студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите во Скопје, а како актер гостува и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.


За своето актерско умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година ја добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - Актер на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - награда на градот Скопје за 1977 година, а во 1984-та го доби највисокото републичко признание наградата „11 Октомври“.


Во филмографијата на Салаетин Билал се вбројуваат многу филмски остварувања, но ќе останат запамтени и неговите телевизиски остварувања меѓу кои „Волшебното самарче“, „Итар Пејо“, „Солунски патрдии“, „Македонски народни приказни“.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.