All for Joomla All for Webmasters

Осма ликовна колонија Љубанци 2018

Љубанци 2018

Од утре до 20 јуни во Љубанци ќе се оодржува осмата ликовна колонија Љубанци 2018-та со учество на дваесетина ликовни творци од земјава и од странство.


За една недела, колку што ќе работи колонијата, ќе бидат создадни околу триесетина уметнички слики, главно со мотиви од старата љубанска архитектура и убавините на Скопска Црна Гора.


И годинава, неколку уметници ќе работат скулптури во дрво и мермер.


Според програмата на колонијата в понеделник, на 18 јуни ќе се одржи и детскиот ликовен ден, кога дваесеттина најталентирани ученици од основните училишта во општина Бутел, ќе се дружат и ќе творат заедно со познатите уметници и ликовни педагози.


Организатор на колонијата е Општина Бутел во соработка со Здружението на ликовни педагози од Скопје.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |