Почнува петтиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина"

„Гола месечина"

Претставата „Jedva nosim sobo akalomi stobo“ на Саревскиот воен театар „Сарт“ од Босна и Херцеговина вечер ќе го отвори петтиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој ќе се одржува до 24 јуни.

 

Претставите ќе се играат во Спортскиот центар Ново Лисиче, но во случај на невреме алтернативна сцена ќе биде објектот на Театар Комедија. Влезот за сите претстави ќе биде бесплатен, а фестивалот ќе има натпреварувачки карактер, со тричлена жири комисија.


Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин истакна дека ова е уникатна можност за сите љубители на театарот да проследат квалитетни претстави од македонската и меѓународната сцена.

 

Селекторот на фестивалот, актерот и режисер Роберт Ристов најави дека во рамки на фестивалот ќе бидат доделени награди за најдобра режија, најдобар актер, најдобра актерка и за најдобра претстава во целост. Од оваа година фестивалот внесе уште една категорија на награда – награда за уметнички впечаток.

 

Поради временските услови вечерашната претстава ќе се одигра во Театар Комедија. Граѓаните, бесплатните билети ќе можат да подигнат од билетарницата на театарот.


Претставите ќе се играат секој ден со почеток во 21 часот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.