Турскиот културен центар „Јунус Емре" во Скопје организира летен курс по турски јазик

„Јунус Емре"

Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје информира дека продолжуваат курсевите по турски јазик. 


Во текот на летниот период во нивните простории ќе се реализираат интензивни и редовни курсеви. Системот на курсевите по турски јазик се базира на „заеднички европски критериуми за изучување на странски јазици“ и нив ќе ги водат квалификувани стручни обучувачи кои поседуваат сертификати за ова дејност. 


Посетителите со современи методи истовремено ќе усовршуваат четири основни јазични вештини (читање-пишување-слушање и говорење). Во рамки на наставата ќе бидат обезбедени сите видови на неопходни наставни материјали.


- Предавањата по турски јазик се реализираат според дефинирани критериуми од портфолиото на европски јазици и тоа; A1, A2, B1, B2, C1, C2 ниво, односно курсевите се состојат од вкупно шест нивоа, соопшти Турскиот културен центар „Јунус Емре“. 


Оттаму информираат дека ќе се организираат и курсеви по турски јазик за деца на возраст меѓу 10 и 15 години. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.