Надворешниот дел од новиот театар и библиотека во Тетово готов до крајот на годинава

Увид во состојбите со изградбата на новиот повеќе функционален објект на театарот и библиотеката во Тетово беше целта на денешната посета на министерот за култура Асаф Адеми.

Тој поосчи дека ова е од претходно предвидена посета согласно планот за оваа година, што предвидува посета на сите објекти што се капитални инвестиции од областа на министерството за култура.

- Овој повеќе функционален објект што покрај театар и библиотека предвидува и кино сала и подземен паркинг, почна да се гради во 2014 тата година меѓутоа поради имотно правни работи беше во застој до 2016 година. Оттогаш активно се работи на неговата изградба и сега од страна на инвеститорот, Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово бевме информирани дека потребна е промена на основниот проект согласно одредени архитектонски барања за што има согласнот како од инвеститорот така и од надзорниот одбор, нагласи министерот за култура.

 

Тој додаде дека поради ова има и нов анекс договор, согласно кој објектот до карабина и целосно затворен со прозорци, врати и друго како и фасада ќе биде готов до крајот на оваа година.

Согласно основниот договор вредноста на објектот беше проценета на 13, 5 милиони евра, додаде министерот Адеми.

Тој посочи дека по завршувањето на надворешноста очекува оти следната година ќе биде објавен и повикот за внатрешно уредување на овој објект, но како што рече, тоа ќе бара повеќегодишно последователно финансирање за да на крајот биде еден од најмодерните објекти наменети за потребите на културата во земјава.

Во однос на состојбите со постојниот Центар за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово министерот Адеми рече дека согласно буџетот за годинава не биле предвидени средства за инвестирање во обнова или слично, но оти врз основа на евентуалното доставено барање од страна на нуправата на Центарот тоа ќе биде направено за следната година. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.