Адеми - Ромео: Одлична соработката во културата меѓу Македонија и Италија

Македонија и Италија имаат одлична соработка во културата која во изминатиот период  ја одбележаа многу проекти и гостувања на македонски и италијански уметници на манифестациите во двете земји, оцениле денеска на средба министерот за култура Асаф Адеми и италијанскиот амбасадор Карло Ромео. 

Министерството соопшти дека е потпишана четврта по ред Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката меѓу Република Македонија и Република Италија за периодот 2016-2019 година со која на годишно ниво се конкретизираат активностите кои ќе се реализираат.  

- Размена на проекти и уметници постои во сите дејности од културата, во областа на заштитата на културното наследство, драмската, издавачката и ликовната дејност. Изразена соработка има и во филмската дејност, за што е потпишан Договор за развој на копродукциски проекти меѓу Генералната дирекција за филм при Министерството за културни добра и културни активности на Република Италија и Агенцијата за филм на Република Македонија, информира Министерството за култура.

Додава и дека во 2018 година поддржало повеќе активности за промоција на македонската култура во Италија, меѓу кои се гостување на  Македонската опера и балет во Лече, настап на пијанистите Петар Макариевски и Дани Жоговска во Рим, учество на Инес Неделковска на меѓународен натпревар за млади музичари во Бари, ликовно претставување во Трст





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.