Концерт за две пијана со Сун Хи Јоу и Марко Чампи на „Охридско лето"

Музичката програма на годинашното 58. издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт за две пијана на уметниците Сун Хи Јоу и Марко Чампи на сцената на катедралната црква „Света Софија“.

За пијанистката Сун Хи Јоу критиката вели дека е една од највозбудливите изведувачи во подем, која постојано ја одушевува публиката низ светот. Уште од самото нејзино деби таа од дете-гениј прераснува во комплетен музички артист со изразена експресивност и техничка зрелост во свирењето. Соработувала со голем број оркестри под диригентската палка на исклучителни светски диригенти. На нејзиниот репертоар се наоѓаат разновидни дела – почнувајќи од времето на барокот, па сè до дела од дваесеттиот век. Има издадено и неколку компакт-дискови.

 

Пијанистот Марко Чампи е извонреден изведувач, тоа го  докажува и фактот што досега има победено на преку 30 национални и интернационални пијано натпревари. Дипломирал на престижниот конзерваториум „San Pietro a Majella“ во Неапол во 2003 година со највисоки оценки. Како солист, Чампи досега се појавил на некои од најпрестижните сцени во Европа и Америка, како и на повеќе фестивали во светот. Во текот на својата кариера работел со проминентни оркестри и истакнати композитори и изведувачи. Неговите изведби редовно се емитуваат на престижни радио станици.

На програмата на вечерашниот нивен настап насловен „176 дирки – боите на црното и белото“ се дела на Лист, Шопен, Дибиси, Лугославски, Бетовен, Гершвин, Гулда, Капустин, Пјацола, авторски композиции на маестро Чампи, како и популарни мелодии на познати изведувачи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.