Средба со писателката Драгица Најческа во ДПМ

 Во просториите на Друштвото на писатели на Македонија денеска на пладне ќе се одржи средба со писателката Драгица Најческа по повод нејзиниот 85-ти роденден и педестгодишниот јубилеј од нејзиното зачленување во писателската асоцијација.

 

За творечкиот опус и ликот на писателката ќе говори поетот, раскажувач и публицист Панде Манојлов.

 

На средбата ќе се промовира и најновиот роман на Драгица Најческа „Куќа на езеро" за кој ќе зборува писателката и критичарка Оливера Ќорвезироска.

 

Извадок од романот и избор од поезијата на авторката ќе прочита актерката Вирџинија Ристеска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.