Кумановската библиотека го збогати книжниот фонд за нови 476 наслови

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ го збогати книжниот фонд со нови 476 наслови или 1.622 книги, информираа денеска надлежните од библиотеката.
 
 
Книгите се набавени во декември од 12 издавачки куќи од државата. За оваа набавка, последна за 2018-та година, библиотека одвои над 680.000 денари.
 
 
– Набавена е белетристика, книги од светски познати автори, енциклопедии, стручна литература, атрактивни наслови наменети за сечиј вкус. Освен, на македонски набавени се книги и на англиски, албански и српски јазик-изјави, директорот на библиотеката, Марјан Петковски.
 
 
Кумановската библиотека на годишно ниво спроведува неколку набавки за што одвојува 1,2 милиони денари. Една од набавките е на лектири за основците и средношколците.
 
 
– Токму поради збогатувањето на фондот, постојано расте и бројот на читатели и на детскиот и на одделот за возрасни, појаснува Петковски.
 
 
Наредните две набавки библиотеката ги спроведува до крајот на учебната година за лектири, по што во текот на летниот период, следи уште една набавка на белетристика.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.