All for Joomla All for Webmasters

Локално

Скопјанец измамен од лажен доктор

Комплекс клиники „Мајка Тереза"

Скопјанец вчера околу 13:00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза" бил измамен од непознат сторител кој му се претставил како доктор и му се понудил да и помогне на неговата болна сопруга за одреден надомест.


Како што информира МВР,  додека Б.В. (63) од Скопје чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознато лице му се претставило како доктор вработен во клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга. Лицето му понудило дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на Б.В. му земало 12.000 денари. Откако  ги земало парите лицето не се вратило повеќе.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |