Првата детска амбасада Маѓаши одбележува 25 години постоење

Детска амбасада Маѓаши

Бројни досегашни достигнувања од долгогодишното работење на Првата детска амбасада Меѓаши, како и идните планови, области на делување и проекти беа презентирани во рамки на одбележувањето на 25- годишнината од постоењето на Меѓаши.

 

Под мотото ,,25 години поправеден свет за децата,, првата детска амбасада во светот Меѓаши одбележува 25 години од постоењето и делувањето. Меѓаши е најстара граѓанска организација во Република Македонија за заштита на правата на детето, основана на 29ти април 1992 година од страна на Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац. 

 

Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата, се залага за одговорно родителство и почит на детската личност и континуирано работи на зајакнување на граѓанското движење за правата на децата и функционалност од страна на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши во овие години со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Таа го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

 

Во изминатите 25 години Амбасадата ја остварува својата дејност делувајќи во психо-социјална, правна и други видови поддршка на деца кои имаат потреба од помош со посебен акцент на маргинализирани групи деца, мониторинг на детските права и промоција на правата на детето во Република Македонија и пошироко, преземање иницијативи за унапредување на законската регулатива за заштита на децата во Република Македонија и нејзина имплементација и активности за градење на мирот и ненасилна разработка на конфликти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.