Нов грант од ЕУ за намалување на невработеноста кај младите до 29 години

Обуки за вработување

Со нов грант од Европската унија ќе се унапредуваат вештините за вработување на младите лица. Преку Агенцијата за вработување ќе се организираат обуки кои ќе бидат наменети за лица до 29 години, со крајна цел да најдат вработување. 

 

Вредноста на грантот е 1,454 милиони евра, а ќе се реализира до 1 декември 2017 година. Ова е трет грант и е насочен кон зголемување на компетенциите, знаењата и вештините на младите невраоботени лица. 

 

Договорот за реализација на овој трет грант го потпишува Агенцијата за вработување. Директорот на Агенцијата Влатко Попоски информира дека досега имаат објавено неколку огласи за мерките што се содржани во грантот финансиран од ЕУ и е наменет за поддршка на вработувањето на мнлади лица до 29 години.  Тој додаде дека во овој период до 1 декември 2017 година ќе се обидат максимално да ги мотивираат младите лица да учествуваат и на крајот да бидат успешно вработени. Потенцира дека овие обуки се дел од поголемиот број обуки што ги спроведува Агенцијата. Овие се во едукативни центри, а се вршат обуки и во простории на работодавачи, каде што во период од три месеци имаат можност да стекнат знаење и потоа да се одлучат кој да задржат на работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.