Општина Штип ги повика земјоделците да ги пријават штетите од студот

Штети на земјоделските култури

Општина Штип денеска ги повика граѓаните кои имаат претрпено штети на земјоделските култури како последица на ниските темперетури  да ги пријават штетите во општината.  Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов вели дека земјоделците штетите на земјоделските култури можат да ги пријавуваат  од денеска до петок.  

 

Пријавата може да се подигне од Центарот за информирање на граѓани на шалтер број 1, кое потоа се пополнува и се доставува до архивата на општината. Освен пријавата, потребно е да се достави и копии од лична карта, транскациска сметка, документ за сопственост и изјава за неосигурен имот. Комисијата веќе од утре, по доставување на првите пријави ќе излегува на терен и ќе уврши увид. 

 

Рокот за пријавување е од денес до петок, но општината ќе овозможи доставување на пријавите најдоцна до идниот вторник за оние што имаат потреба од повеќе време за да си ја комплетираат документацијата.  





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.