Симулациска вежба на АРМ и Црвен крст за спасување животи при кризни состојби

Вежба на АРМ и Црвен крст

Припадниците на АРМ и Црвениот крст на Рм денеска спасуваа животи при кризни состојби во рамки на завршната симулациска вежба која де спроведе на воениот стадион во градски парк во Скопје.

 

Во симулација на вонреден настан со повредени и ранети заедничкиот тим на припадниците на Армијата на Република Македонија и Црвениот крст на РМ денеска покажаа како правилно се реагира за спасување животи при кризни состојби. Заедничката активност спроведена на воениот стадион во градски парк во Скопје е завршна вежба на припадниците на АРМ и Црвениот крст по четиринеделен курс за животоспасувачи спроведен од инструкторите во одделот за медицинска обука при Воено медицинскиот центар во Скопје.

 

Оваа вежба е во рамки на активностите за одбележување 25 години од постоењето и долгогодишната соработка меѓу АРМ и Црвениот крст на РМ. Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саид Саити рече дека Црвениот крст и АРМ имаат долга и плодна соработка и минатата година покажале дека можат заедно многу да помогнат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.