Сончево и топло до 38 степени

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има ретка појава на дожд и грмежи.

 

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе биде висок со вредност 9.

 

Во Скопје слично време со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 38 степени.

 

До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст така почнувајќи од утре во голем дел од државата температурата ќе надминува 35 степени, а на југоистокот ќе достигнува и 40 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.

 

За време на викендот и во понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се во планинските подрачја на запад и кон југоистокот.

 

Промена и посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.