ДИК од општините побара услови за изборните комисии, 14 септември краен рок за листи на кандидати

Државна изборна комисија

Сите општини и градот Скопје треба најдоцна до 11 август 2017 година  јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а дека најдоцна до 25 август 2017 општините и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

 

Државната изборна комисија се обратила до сите општини да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии заради непречено организирање и спроведување на Локалните избори на 15 октомври 2017 година.


ДИК ги известила сите општини и градот Скопје дека се должни најдоцна до 11 август 2017 година  јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а дека најдоцна до 25 август 2017 општините и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.


- Исто така, Државната изборна комисија ги извести општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија, соопшти ДИК.


ДИК потсетува дека денеска е крајниот рок до кога печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).


ДИК во известувањето нагласува и дека согласно со Роковникот за извршување изборни дејствија, 14 септември 2017 година е крајниот рок за поднесување листи на кандидати за Локалните избори 2017,  а не 9 септември како што објавиле дел од медиумите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.