Дебата по повод Меѓународниот ден на младите

Меѓународен ден на младите

Агенцијата за млади и спорт заедно со Националниот младински совет на Македонија денеска по повод Меѓународниот ден на младите организира дебата и дружење во Градски парк кај Школка.

 

Дебатата ќе биде посветена на Младинската гаранција како една од приоритетните мерки на новата Влада на Република Македонија.

 

Младинската гаранција нуди шанса за субвенционирани работни места, вработување на младите, обуки, програми за самовработување, пилот програми за млади според локални потреби.

 

На дебатата предвидено е да говорат директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Стефан Богоев, како и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески.

 

Предвиден е и интерактивен дел кадешто присутните ќе поставуваат прашања, ќе даваат предлози и сугестии за зајакнување на улогата на младиот човек во општеството.

 

По завршување на дебатата ќе бидат доделени благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоиле бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика. Исто така, ќе следи и културно забавна програма, со рок бендови и диџеи.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.