Македонска делегација на примопредавањето на командата на СЕЕБРИГ

Македонска делегација во Грција

Македонска делегација предводена од заменик-министерот за одбрана Беким Максути денеска во базата „Шина“ во близина на Лариса, Грција, ќе присуствува на свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) и на примопредавање на Претседателството со South East Defence Ministerial (SEDM) иницијатива за соработка во Југоисточна Европа.


Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста е најавено присуство на делегации од државите членки на SEEBRIG - Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Македонија, Турција и од Босна и Херцеговина како земја набљудувач.


South East Defence Ministerial е процес на соработка меѓу министерствата за одбрана на земјите од Југоисточна Европа, иницирана во март 1996 година. Во рамките на СЕДМ иницијативата од 1999 година функционира Бригадата на ЈИЕ - SEEBRIG (South East European Brigade).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.