Опаѓање на наталитетот во Македонија

Статистика на новородени

Благо опаѓање на наталитетот во државата, покажуваат податоците од извештајот на Заводот за статистика. Минатата година биле родени 23 002 живородени бебиња што е за 73 помалку од 2015 или дури  за 3000 од 2000-та.


Лани имало и 197 мртвородени што е во пораст имајќи ги во предвид бројките од последните 5 години. Во вкупната бројка се и 26 новороденчиња од мајки тинејџерки кои биле помлади од 15 години како и над 2700 бебиња кои биле родени во вонбрачни заедници.


Според податоците на статистика, најмногу новороденчиња има во главниот град и тоа 7136 кои биле родени во 2016. Од Скопските општини на врвот е Чаир каде се родиле 1111 бебиња што е речиси за тери пати повеќе од Шуто Оризари и Ѓорче Петров кои лани добиле по 470 нови жители. И додека во Чаир наталитетот е во подем, во Вевчани лани имале само 17 бебиња. Меѓу општините со мал број на новороденчиња се и Зрновци со 20, Градско со 29 и Конче со 31.


Според статистичките податоци, кај 34 проценти од новородените деца возраста на мајката е од 25 до 29 години.


- Интересен податок што го покажуваат извештаите на статистика е дека во државата има повеќе мажи отколку жени . Во изминатите две децении секоја година се раѓале повеќе момчиња отколку девојчиња. Најголема разлика има во 1996 година кога биле родени дури 2000 машки бебиња повеќе од женски.


Споредувајќи ги месеците на раѓање, најмалку бебиња се раѓаат во зимските месеци а лани најмногу породувања имало во септември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.